ПОВЕЌЕ

    ГЕВГЕЛИЈА И РЕГИОНОТ ДОБИВААТ МЕГА ШОПИНГ ПАРК, на отворањето на 28 мај концерти на Северина, Кирил Џајковски, Иви Адаму

    Време зa читање: 3 минути

    Гевгелија добива нов комерцијален објект, осмислен како регионален центар за пазарување и за забава, кој ветува целосна трансформација на јужниот дел од земјата. На 28 мај, со грандиозно четиридневно отворање, започнува со работа МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија, проект кој претставува стратешка инвестиција од 20.000 м² и носи повеќе од 50 светски и домашни брендови на едно место. 

    Отворањето ќе биде одбележано со голема музичка програма, предводена од балканската ѕвезда Северина. На сцената ќе настапат и евровизиската сензација од Република Грција, Иви Адаму, како и Кирил Џајковски, едно од најпрепознатливите македонски имиња на светската електронска сцена.

    Музичката програма ќе ја дополнат и домашните популарни музички имиња – Тамара Тодевска, Никифор, Пајак и Слаткаристика, како и голем број локални изведувачи, со програма наменета за различни генерации и вкусови.

    Покрај официјалното отворање и музичката програма, четиридневниот спектакл ќе понуди и наменски креативни зони со забавни активности за најмладите, со што се заокружува визијата на МЕГА Шопинг Парк како дестинација за квалитетно поминато време за целото семејство. 

    „Овој стратешки капацитет од 20.000 м² го изградивме со јасна намера, целосно да ја промениме улогата на овој регион. Свесни сме дека Гевгелија предолго беше само попатна, транзитна точка на патот кон Грција, но со МЕГА тоа конечно се менува“, соопшти генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис на денешната презентација на проектот на медиумите.

    Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде“, изјави Јанакудакис.

    Според генералниот директор на идниот МЕГА Шопинг Парк, суштината на овој потфат е во концептот „Total Experience“, кој покрај силната понуда на мода, спорт и електроника, воведува и услуги што му недостасуваа на овој регион, како современ медицински центар, голем салон за мебел и најголемата станица за полнење електрични возила во државата. „Суштината на секој голем потфат е во тоа колку реално успева да го подобри секојдневието на луѓето, а токму таа цел нè водеше и при создавањето на МЕГА Шопинг Парк“, изјави генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис.

    Како дел од модерното искуство за посетителите, МЕГА Шопинг Парк ја лансира и својата мобилна апликација, која ќе функционира како примарна платформа за лојалност. Преку неа, корисниците ќе можат да собираат поени за награди, да користат интерактивна мапа за ориентација низ објектот и да добиваат редовни известувања за претстојните настани и ексклузивни промоции.  

    Освен што носи нов квалитет во секојдневието на граѓаните, МЕГА Шопинг Парк е и силен мотор за локален развој. Со неговото отворање се обезбедуваат над 500 нови работни позиции, со план оваа бројка набрзо да надмине 800, овозможувајќи им на стотици млади луѓе од регионот својата иднина да ја градат во родното место.  

    За нас, ова не се само статистички податоци, туку конкретна можност за стотици млади луѓе од овој крај својата кариера и својата иднина да почнат да ги градат токму тука, во својот роден град. Сакаме овој центар да биде силен мотор за локален развој и доказ дека Гевгелија има капацитет за големи нешта, истакна Јанакудакис.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично