Операторот на гасоводот Турски тек во руска сопственост соопшти дека Холандија ја повлекла дозволата за извоз, но ќе продолжи со транспортот на гас, додавајќи дека побарала продолжување на дозволата. Русија и Турција официјално го лансираа Турскиот тек со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри годишно во јануари 2020 година.
Гасоводот, кој ѝ овозможува на Москва да ја заобиколи Украина како транзитна рута кон Европа, носи руски природен гас до јужна Европа преку Црното Море и Турција. South Stream Transport B.V., подружница на Газпром контролиран од Кремљ, е холандски оператор на морскиот дел од гасоводот. Јужен тек соопшти дека Холандија ја повлече дозволата за извоз на 18 септември поради пошироките санкции од Европската Унија.
„Воведувањето нови санкции не го ограничува продолжувањето на транспортот на гас од страна на South Stream Transport B.V. Во овој поглед, снабдувањето со гас на различни индустрии и милиони домаќинства во Турција и европските земји нема да биде засегнато на краток и долг рок”, соопштија тие.