ПОВЕЌЕ

    ФЕВРУАРИ МЕСЕЦ БИЛ ФАТАЛЕН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ, исплатени 709 илјади евра од Солидарниот фонд

    Време зa читање: 3 минути

    Иако пократок, за разлика од јануари, февруари месец бил посмртен за пензионерите. Еве каква е статистиката на починати пензионери во февруари 2022 година.

    Во овој месец, починале вкупно 2504 пензионери од кои 1966 биле мажи, останатите 538 биле жени. Најголема смртност има кај корисниците на старосни пензии, а најмала кај корисниците на инвалидски пензии.

    Податците за смртноста на пензионерите покажуват дека од почеток на годинава починати се вкупно 4243 пензионери. Најголем дел од нив се мажи, и тој број изнесува 3355, додека 888 се жени. По основ, починати корисници по вид на пензија, најголем е бројот кај корисници на старосни пензии кој изнесува 2482, од кои 1829 се мажи, додека пак најниска смртност е регистрирана кај жените кои се корисници на семејни пензии.

    Од друга страна пак имаме 3583 нови корисници на пензија од почеток на година до сега, бројка која е за 660 помала во однос на починатите во првите два месеци. 2511 пензионери се корисници старосни пензии, додека 897 се корисници на семејна пензија.

    Само во февруари месец, имаме 2183 нови пензионери. Од нив 1498 се мажи, додека 685 се жени.

    Во февруари месец исплатени се средства од солидарен фонд за 1 456 починати корисници во износ од 43,680,000.00 денари, или некаде над 709 000 евра. Споредбено со јануари месец, бројот на исплатени барања за починати корисници е незначително намален за 5 исплатени барања, коде во првиот месец од годинава се исплатиле 43,830,000.00 денари средства од солидарниот фонд за 1461 починат корисник.

    Средствата за Солидарен фонд се обезбедуваат од корисниците на пензија врз основа на нивна согласност. Тие средства се уплатуваат на посебна под сметка во рамките на трезорската сметка и наменски се користат само за исплата на посмртната помош.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично