ПОВЕЌЕ

    Дали факултетите се губење време за вашата кариера?

    Време зa читање: 2 минути

    Во нашата земја, повеќето луѓе се запишуваат на факултет знаејки дека нема да имаат вистинска корист од тоа во поглед на нивната кариера. Голем дел од нив одат на факултет затоа што нивните родители инсистираат на тоа. Но во голема мера, не само во Македонија туку и во светот, дипломата на вреди ни приближно колку што вредела во минатото. Дури и најголемите компании како Гугл, Тесла и Фејсбук, отворено кажуваат дека дипломата не е предуслов за вработување. И секако, сите сме читале за многу луѓе кои постигнале огромен финансиски успех без да завршат факултет. Имањето на диплома нема да ги зголеми вашите таленти и вашиот можен придонес за компанијата за која ќе работите. 

    Од друга страна, доколку сакате да започнете свој бизнис, секако дека корисно да имате познавање од сметководство, читање финансиски извештаи, комуникација, маркетинг, следење на трендови на пазарот, и слично. Историјата памти повеќе примери од успешни претприемачи кои се запишале на факултет и завршиле факултет, од луѓе кои добро ја искористиле нивната мрежа на контакти. На пример, со запишување на престижен факултет, големи се шансите да бидете изложени на амбициозни и квалитетни студенти, со кои ќе можете да разменувате знаење и можеби еден ден ќе станат ваши колеги, партнери, соработници и слично. Но едно е јасно, без разлика колку е скап факултетот на кој што сте се запишале, ако седите пасивно и не сте отворени за нови можности и познанства, како и фокусирање на предмети кои ќе ви користат во вашата кариера, тогаш запишувањето на факултет за вас ќе биде губење време и пари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично