ПОВЕЌЕ

    Фејсбук им враќа пари на огласувачите откако погрешно ја процениле ефективноста на рекламите

    Време зa читање: 2 минути

    Социјалната мрежа Фејсбук ќе исплати отштета на одредени реклами, откако предизвикале штета врз основа на погрешна проценка на ефективноста на рекламирањето во текот на година, пренесува CNBC.

    Компанијата ја поправи грешката во септември и сега нуди компензација на клиенти кои погрешно биле оценети, но не прецизирала колкава компензација треба да им исплати на огласувачите.

    Грешка во услугата „конверзија лифт“ за проценка на ефективноста на рекламите, наводно, влијаела на илјадници реклами во периодот од август 2019 година до август 2020 година.

    Освен што е социјална мрежа, Фејсбук е и огромна платформа за рекламирање, чии приходи главно доаѓаат од голем број на мали реклами.

    Приходите по оваа основа на платформата достигнаа 21,2 милијарди долари во третиот квартал од оваа година, додека се очекува следниот квартал да биде уште попрофитабилен.

    Според Фејсбук, услугата „конверзија лифт“ им помага на огласувачите да разберат како рекламите создаваат приход, користејќи методологија што ги поврзува рекламите на сите платформи на Фејсбук, вклучително и Инстаграм, со деловните резултати.

    Ова не е прв пат да се идентификува ваков вид грешки, бидејќи компанијата претходно во септември 2016 година соопшти дека го прецени просечното време што луѓето го поминуваат гледајќи видео реклами, додека во 2017 година извештајот открива дека рејтингот на домовите на Фејсбук на некои места САД го надминуваат реалниот број на луѓе кои живеат во тие области.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично