„ЕВРОПА ЌЕ ВОЗВРАТИ – почнува трговска војна со САД?“ – Поповски во „Каде се парите?“

Време зa читање: 2 минути

„Европската Унија се најде притисната од царините на САД, со ограничени опции за одговор. Откако Америка ја одби понудата за нула царина на индустриски производи, ЕУ најавува контрамерки. Никола Поповски открива дали и како Европа ќе се справи со оваа криза во „Каде се парите? со Горан Теменугов“.“

„Но ќе ги возврати. И ги возвратува. Тие понудија последниве денови нула царинска стапка за сите индустриски производи, не и за земјоделските. Америка тоа го одби, што значи дека Европа нема веќе простор за преговори, ќе ја зафати ова. Оваа ситуација е ненормална, но не гледам дека ќе може светот да се извлече од ова и веројатно влегува во една нова фаза во која ќе се редефинираат бар на краток рок. Сега, кога зборуваме на кратокрок е неколку години, две-три, ќе се дефинираат работите во насока дали Америка ќе се повлече од ова и тие имаат избори на секој три години, четири, четири години.“

Со поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, разговараме за воведувањето на царините од страна на Трамп кон Кина, кон ЕУ и како сето тоа ќе се одрази на Македонија.

Следете ја најновата епизода на поткастот „Каде се парите?“. За да не најдете, отидете на YouTube, во пребарување, на кирилица напишете „пари“ и ние ќе ви се појавиме. Пожелно е да стиснете „Subscribe“, бидејќи тоа многу ни значи. Гледајте нѐ.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично