ПОВЕЌЕ

    Следната генерација Европејци ќе плаќа за актуелната криза

    Време зa читање: 3 минути

    Со огромниот предлог-буџет за следните седум години претседателката на Европската комисија се охрабри за голем потег. Ќе биде интересно да се види што ќе остане откако ќе го разгледаат 27-те членки.

    Мора едногласно да ја потврдат мешавината од спасувачки фондови и реформски буџет. Следните недели ќе се преговара особено за тоа кој колку и под кои услови ќе добие од полниот паричник. Урсула фон дер Лајен тврди дека итниот анти-кризен план го преговарала со сите влади и дека немало фундаментален приговор од никого.

    Тоа може да се дожи на фактот дека Европејците за финансирање на нивниот фонд се согласија за трик кој не ги оптоварува денешните даночни обврзници, туку идните генерации. ЕУ треба да земе 750 милијарди кредит кои дури по 2028 година ќе почнат да се отплаќаат на 30 години. Тоа треба да се финансира со нови воведување даноци кои во европски жаргон се викаат „сопствени средства”. До сега членките во повеќе наврати и забрануваа на Комисијата да наплатува голем обем “сопствдни средства” оти сопствениот данок значи моќ, а таа земјите не се расположени да ја отстапат на Брисел.

    Искрено да се каже кој ќе плаќа

    Со не многу јасно одредени даноци за пластичен отпад, јаглероден диоксид и увоз на климатски штетни производи од трети земји Фон дер Лајен сака да собере средства за да ги отплати ратите од 2028 година натаму. На крајот изгледа товарот ќе падне на земјите членки. Во секој случај последиците во крајна линија ќе ги чувствуваат идните даночни обврзници во Европа.

    Планот може да биде и долгот кој членките спротивно на нивните договори сега за прв пат сакаат да ги направат, никогаш вистински да не се отплатат, туку едноставно со рефинансирање да се покриваат на ново. Така како што државите генерално прават. За ЕУ-планот за задолжување според кој земјите не вложуваат сопствен капитал туку само гаранции, е најелегантно решение бидејќи не ги оптоварува националните буџети.

    Проблемот ќе биде поместен во иднината. Со оглед на економската криза која е предизвикана од анти-корона-мерките, разбирливо е дека ЕУ игра на картата на вакво решение. Но, Комисијата и членките треба искрено да кажат што прават, а не да се преправаат дека долговите некогаш ќе бидат платени со небулозни даноци. Така ќе ни светне и зошто Фон дер Лајен конјунктурниот пакет го нарече „Следната генерација Европа”. Имено таа ќе плаќа за кризата од денес. На милијардите долгови во националните буџети ќе добие е долгови од ЕУ и ако сѐ биде успешно можеби и по некоја разумна инвестиција. За самата ЕУ не може да има подобро сценарио оти долговите ги врзуваат членките. Излегување од заедницата која заеднички гарантира и должи е речиси неможно бидејќи ќе биде многу скапо. Така ЕУ добива на некој начин гаранција за своето опстојување.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично