ПОВЕЌЕ

    Еве колкав ќе биде економскиот раст на Западен Балкан доколку успешно излезе од пандемијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    На Западен Балкан, може да има 4,4 проценти економски раст доколку регионот успешно излезе од пандемијата Ковид-19, соопшти Светска банка.

    Економскиот раст во Србија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Албанија се предвидува дека ќе се намали за 4,8 проценти во 2020 година.

    Додатокот на макроекономскиот извештај за Европа и Централна Азија предвидува дека економијата во земјите од Западен Балкан може да порасне за 3,7 проценти во 2022 година.

    И покрај напредокот, заработката по глава на жител се очекува да остане 6,5 проценти под предвидувањата пред пандемијата до 2022 година, се наведува во документот.

    Извештајот нагласи дека главниот предуслов за раст во регионот ќе биде враќање на довербата на потрошувачите и компаниите како резултат на слабеењето на пандемијата и намалената политичка нестабилност.

    Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нагло зголемување на бројот на лица заразени со вирусот годинава, но кампањата за вакцинација веќе започна во сите земји, потсетува Ројтерс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично