Грчки ЕЛ.П.ЕТ купи уште 133 акции, со кои дополнително ги зацврсти сопственичките позиции во „Окта“. Кои се на нивото од близу 86 проценти. Засега, со оглед на интензивната купопродажна активност која се спроведува последниве неколку месеци.
Со последната информација од компанијата споделена преку Македонска берза, инвеститорската јавност се известува: „Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, ОКТА АД- Скопје објавува дека, по соодветно известување, ЕЛ.П.ЕТ. – БАЛКАНИКИ АНОНИМИ ЕТЕРИА ПЕТРЕЛЕУ ја зголеми својата сопственост за 133 акции, достигнувајќи вкупно 724,420 акции, што одговара на 85.59% од вкупниот број на акции“.
Од почетокот на месецов ова е деветтата ценовно чувствителна информација, која се однесува на купувањето акции од страна на ЕЛ.П.ЕТ.