ПОВЕЌЕ

    Астрономската понуда од ЕФТ била пресудна ЕСМ да го добие бизнисот со набавка на струјата

    Време зa читање: 2 минути

    ЕВН Хоум на тендерот за набавка на електрична енергија за наредните шест месеци како најповолна ја избра понудата на државната компанија АД ЕСМ. Електростопанство на Македонија понудило цена од 36,1 евро за мегават час. На тендерот се пријавија две компании АД ЕСМ и ЕФТ.

    Според информациите на порталот Pari.com.mk понудата на ЕФТ била значително повисока од понудата на државната ЕСМ што било пресудно во изборот. Иако не се открива колку ЕФТ понудила за мегават час извори од компанијата ја квалификуваат како “астрономска”.

    Понудата, пак на АД ЕСМ е пониска од минатогодишната за 7 проценти. Лани ЕСМ понуди 38,8 евра за мегават/час.

    Според планот, државната компанија ЕСМ, годинава треба да обезбеди 70 отсто од потребните количини на ЕВН Хоум за снабдување со струја на граѓаните. Токму од цената по која ЕВН хоум ќе ја набави електричната енергија на пазарот зависи и корекцијата на цената на сметките за струја кај домаќинствата.

    Со намаленото ДДВ за очекување е дека струјата од август би повтинила.

    Редакција Пари

    Прочитај и: 10 најголеми државни загубари во “дупка” 50 милиони евра, на врвот ЕСМ

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично