ПОВЕЌЕ

    ЈОВАНОВИЌ ЗА ИСПЛАТАТА НА ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА ПЛАТИ: ОВА Е ЗЕМАЊЕ ОД СИРОМАШНИ, ДАВАЊЕ НА БОГАТИ

    Време зa читање: 2 минути

    „Кромберг & Шуберт, која сега доби државна помош од 1,2 милиони евра, во 2018 имала нето добивка од 3,9 милиони евра, а е ослободена и од даноци. Систина на Камчев, која доби помош од 142.000 евра, во 2018 имала нето добивка од 4,1 милиони евра, а од државата добила и 17 милиони евра годишно по разни основи. Брако на Анѓушев, која доби помош од 106.000 евра, во 2018 имала нето добивка од 1,3 милиони евра, а на работниците им плаќала просечна плата од 280 евра“, напиша поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ.

    Од друга страна, малите фирми ќе се прашуваат дали вооопшто и ќе добијат помош, работниците кои останаа без работа ќе добијат надоместок од една плата, а невработените ќе добијат платежна картичка од 150 евра. И ќе плаќаат повисоки акцизи.

    Ова е олигархија. Ова е заробена економија. Ова е земање од сиромашни, давање на богати. Ова сме ние во последните 30 години.

    Сè додека не почнеме да ги менуваме овие работи, ништо суштински нема да се смени во државава.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично