ПОВЕЌЕ

    Довербата од клиентите на НЛБ Банка и носи добивка од 40 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    НЛБ е банка која има висока доверба од клиентите. Важи за сериозна банка, чие име гарантира стабилно и безбедно работење. Има силна позиција и голем пазарен удел во домашниот банкарски сектор.

    Таквата поставеност и коректната деловна комуникација резултира со големи вредности потврдени со конкретни бројки.

    Добивката на НЛБ во трите годинешни тримесечја достигна до нивото од 39,6 милиони евра. Или, остварено е зголемување за 19,1 насто споредено со нето–добивката од истиот лански период. Растот произлегува од кредитирањето, првенствено на граѓаните, на микро, малите и средни претпријатија. Но, и од зголемениот број корисници на платните сервиси.

    Во текот на деветмесечното работење на приходната страна се слеале речиси 72 милиони евра. Износ за 16,7 насто поголем во однос на претходната година. Натфрлувањето во најголем дел е заслуга на пресметаните и наплатени камати. Кај нив растот е за 26,7 проценти. Конкретно, нето-каматните приходи изнесуваат 47,1 милион евра и се повисоки за 24,6 проценти. Расходите, пак, во овој сегмент пораснале за 48 насто.

    Провизиите за овозможените услуги на НЛБ и донеле нето-износ од 16,1 милион евра. На ова поле зголемувањето во однос на споредбениот период е за 7,4 насто. А, приходите се повисоки за 6,2 проценти, најмногу како резултат на зголемените приходи од реализирани трансакции со картички. Наспроти тоа, трошоците за провизии имаат раст од 4,8 насто.

    Што се однесува до елементарната и најрентабилната банкарска дејност, вкупните одобрени кредити се со вредност од 1,2 милијарди евра. Основа за растот од 1,7 проценти е поголемата побарувачка – за 6,9 насто од страна на граѓаните, кои имале потреба, пред се, од потрошувачки и станбени кредити.

    Клиентите на НЛБ и довериле свои депозити кои се над 1,4 милијарди евра. Сепак, во однос на крајот од минатата година има пад од 2,7 отсто, кој се објаснува со намалувањето на тековните сметки на домаќинствата за 5,2, како и на нефинансиските правни лица за 4,8 проценти.

    Кај вкупните оперативни трошоци исто така движењето е по нагорна линија. По зголемувањето од 10,9 насто забележани се речиси 30,6 милиони евра. Притоа, само трошоците за вработени се повисоки за 20,1 процент.

    И покрај неизвесноста присутна поради неповолните влијанија од случувањата на глобално и домашно ниво, НЛБ Банка не отстапува од поддршката на приватниот сектор и на стопанството, од „зелените кредити“, од општествено одговорните активности, спонзорствата… за што и годинава доби повеќе меѓународни признанија.

    КАМАТИ, ПРОВИЗИИ, ДОБИВКА… Комерцијална банка со супериорни резултати на банкарската сцена

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично