ПОВЕЌЕ

    Доминанто зелено на Македонска берза

    Време зa читање: 2 минути

    Зелената боја се врати и на Македонска берза, откако американскиот претседател одобри 90-дневна пауза за високите царини. МБИ10 денес порасна за 1,65 проценти и има вредност од 10.311,95 поени. Со исклучок на две, сите други акции што се дел од основниот берзански индекс бележат раст.

    Исходот од денешното тргување е следен: преку 218 трансакции е остварен вкупен промет од 66.294.631 денар (1,08 милиони евра), од кои 63.414.631 денар (1,03 милиони евра) на официјалниот пазар. Исто така, по вчерашната, и денес има блок-трансакција со промет од 2.880.000 денари (околу 47 илјади евра), направен со купувањето на 100 акции од Комерцијална банка од страна на познат инвеститор.

    Освен блокот, и на официјалниот пазар денес најмногу се тргувало со акцијата на Комерцијална банка. Притоа просечната цена е 28.807,07 денари, со дневна промена од плус 1,40 проценти. Истргувана е вредност од 37.737.263 денари (613,6 илјади евра).

    Инаку, најголем дневен раст од 3,61% постигнала акцијата на НЛБ банка (58.368,42 денари). Веднаш зад неа, со зголемување од 3,60% е акцијата на „Алкалоид“ (27.455,88 денари).

    Во црвено се акцијата на „Гранит“ со пад од -2,96“ и на „Македонски телеком“ каде се запишани минус 0,07%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично