ПОВЕЌЕ

    Доминација на малите фирми – 82,5 отсто со најмногу девет вработени

    Време зa читање: 2 минути

    Во државата, во текот на 2021 година активни биле 70.424 претпријатија. Ова се дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.

    Гледано од аспект на сектори на дејност, статистиката забележала дека се најбројни фирмите во трговијата – и на големо и на мало, заедно со поправка на моторни возила и мотоцикли, со удел од 31,1 процент.

    Што се однесува до бројот на вработени, со 82,5 отсто убедлива е доминацијата на малите фирми. Таму се работно ангажирани од едно до девет лица.

    Зад нив, со 7,3 проценти се оние без вработени или со неутврден број на вработени, каде што не можат да се утврдат податоците. Односно, се работи за таканаречените „човек“ или „фантом“ фирми.

    Претпријатијата, пак, кои функционираат со 10 до 19 вработени имаат учество од 4,6 отсто. Со 20 до 49 вработени биле евидентирани 3,1 процент од активните претпријатија.

    Всушност, како што станува збор за повеќе вработени, така се намалува процентот на активните субјекти. Па така, статистичарите за 2021 година утврдиле дека само 2,1 отсто од претпријатијата имале 50 до 249 вработени, а минимални 0,3 проценти работно ангажирале повеќе од 250 лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично