ПОВЕЌЕ

    Домашните девизни резерви – блиску до четири милијарди евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Девизните резерви изнесуваат 3.900,4 милиони евра. Овој износ го регистрирала Централната банка на крајот од минатиот месец. Споредено со јануари годинава, официјалните девизни резерви се зголемени за 124,9 милиони евра.

    Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност – 79,6 проценти, по што следуваат валутите и депозитите со 10,6 и монетарното злато со 9,7 отсто.

    Инаку, девизните резерви се средства со кои располага и воедно, ги контролира монетарната власт и се контролирани од монетарната власт. Се користат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар, со што се влијае врз девизниот курс, а во насока на стабилност на домашната валута.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично