ПОВЕЌЕ

    Промени во козметичкиот гигант: Заминува долгогодишниот шеф

    Време зa читање: 2 минути

    Управниот одбор на „Л’Ореал“ донесе одлука за новиот план за управување, односно за идните промени на чело на групацијата „Л’Oреал“, следејќи ги препораките на Комитетот за номинирање и управување. Патем, во оваа компанија, многу ретко се менува лице во таа позиција.

    Меѓутоа, бидејќи Статутот на компанијата не предвидува никакви исклучоци во врска со законската возраст за пензија, која е 65 години, Жан Пол Агон е принуден да ги предаде своите должности како извршен директор на некој друг, најдоцна до јули 2021 година.

    Во овој контекст, Управниот одбор ја објави својата намера да ги раздвои функциите на Претседателот и Извршниот директор и одлучи да го обнови мандатот на Жан Пол Агон како претседател, која ја извршува од 2011 година, а на позицијата извршен директор да го назначи Никола Ијеронимус.

    Никола Ијеронимус се приклучи на „Л’Oреал“  пред 33 години, каде ја помина целата своја кариера,  стекнувајќи искуство на голем број пазари. Од 2017 година, тој е назначен за заменик извршен директор.

    Исто така, функцијата заменик-извршен директор ќе се задржи и во управувањето со компанијата, при што, Барбара Лавернос ќе биде назначена на таа позиција во мај следната година и ќе го предводи одделот за истражување, иновации и технологија од февруари 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично