Првата кредитна картичка во Македонија, Diners продолжува да ги поставува стандардите за супериорна услуга кон своите членови.
Diners Македонија уште еднаш постави нови стандарди во финансискиот сектор, станувајќи првата компанија во земјата што го имплементира SAP Service Cloud – напредно технолошко решение кое има за цел да го подобри искуството на корисниците и оперативната ефикасност. Овој значаен чекор доаѓа во време кога Diners го слави и големото признание, добивајќи ја престижната награда за „Најдобро кориснично задоволство и среќа на корисниците“ за 2024 година од Global Banking & Finance Review.
Со имплементацијата на SAP Service Cloud решението, членовите на Diners ќе искусат побрзи одговори, оптимизирана комуникација и побрзо решавање на нивните барања. Дополнително, оваа платформа ја подобрува внатрешната организација преку автоматизирање на рутинските задачи, што резултира со попрецизно и побрзо искуство за секој член на Diners.
„Оваа претставува значаен чекор во нашата дигитална трансформација,“ изјави Тони Јанковски, Директор за развој и иновации во Diners Македонија. „Постојано се стремиме да ја понудиме најдобрата услуга за нашите членови, а SAP Service Cloud ќе ни го овозможи токму тоа. Во комбинација со неодамнешното признание од Global Banking & Finance Review за најдобро задоволство на корисниците, сметам дека оваа надградба само ја потврдува нашата максимална посветеност кон членовите и нивните потреби.“
Како прва кредитна картичка во Македонија, Diners е лидер во иновациите веќе 30 години, постојано нудејќи уникатни поволности и супериорни услуги за своите членови. Со 24/7 персонализирана поддршка и финансиски совети преку MyDiners мобилната апликација и личните советници, лесно е да се каже дека Diners обезбедува своите членови да не бидат само клиенти, туку дел од пошироко семејство.
ПР Објава