ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви во август 3,9 милијарди евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Официјалните девизни резерви изнесуваат 3.934,2 милиони евра. Состојбата е од крајот на август и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 132,5 милиони евра, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Народната банка.

    Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност – 62,7 проценти. Потоа следат валутите и депозитите со 27,2 и монетарното злато со 10,1 отсто.

    Девизните резерви се дефинираат како средства коишто се веднаш достапни и расположливи за монетарната власт. Исто така, се контролираат од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред се, за да се влијае врз девизниот курс, но и за други цели.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично