ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви во април 4,32 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемено е нивото на официјалните девизни резерви, 41,9 милиони за еден месец. На крајот од април нивната состојба е 4,329 милијарди евра.

    Најголем дел од девизните резерви – 58,7 проценти, се пласирани во хартии од вредност. Потоа со 30,1 процент следуваат валутите и депозитите, а 11,1 отсто се чуваат во монетарно злато.

    Ако се погледнат податоците од крајот на 2023, кога девизните резерви беа рекордни со 4,538 милијарди евра, забележливо е дека низ месеците состојбата е променлива, но бројките се пониски. На крајот од јануари изнесуваа 4,337 милијарди евра, во февруари 4,348 милијарди, а во март беа 4,287 милијарди евра.

    Инаку, по дефиниција, девизните резерви се средства веднаш достапни и расположливи за монетарната власт, во чија надлежност е и контролата врз нив. Служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред сѐ, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели. Во суштина, основната функција им е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично