ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви растат – на крајот од февруари 4,34 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Официјалните девизни резерви изнесуваат 4.348,1 милион евра. Состојбата е од крајот на февруари и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 10,7 милиони евра, покажуваат последните податоци што ги објави Народната банка.

    Најголем дел од девизните резерви – 58,8 отсто се пласирани во хартии од вредност. Следуваат валутите и депозитите со 31,6 и монетарното злато со 9,6 проценти.

    Девизните резерви се дефинираат како средства кои се веднаш достапни и расположливи за монетарната власт. Исто така, се контролираат од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред се, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели. Во суштина, основната функција им е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.

    Во сопственост се на државата, но ги чува Народната банка.

    За потстување, активностите за создавање девизни резерви датираат од крајот на 1991 година, по одлука на тогашниот владин состав за применување на курсот на динарот во платниот промет со странство и за издвојување и насочување на еден дел од девизниот прилив во Република Македонија. Така Народната банка почннува со формирањето на девизните резерви, при што банките издвојувале 30 проценти од девизните приливи на претпријатијата. Па, на денот на монетарното осамостојување, девизните резерви на Република Македонија се броеја со само три милиони долари.

    Оттогаш девизните резерви се во постојан подем, а прагот од една милијарда евра е надминат во 2005 година (1,12 милијарди евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично