ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви 4,28 милијарди евра – во март минусирани 61 милион евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нивото на официјалните девизни резерви е 4.287,1 милион евра, покажуваат податоците за март што ги објави Народната банка. Споредено со февруари, забележливо е месечно осипување од 61 милион евра.

    Најголемиот дел од девизните резерви, 60,2 проценти, се пласирани во хартии од вредност. Потоа следуваат валутите и депозитите со 29,2 и монетарното злато со 10,6 проценти.

    Девизните резерви, по дефиниција, се средства кои се веднаш достапни и расположливи за монетарната власт, во чија надлежност е и контролата врз нив. Служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред сѐ, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели. Во суштина, основната функција им е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично