ПОВЕЌЕ

    Откријте колку пари повеќе имаат граѓаните од фирмите во банка

    Време зa читање: 3 минути

    Во банките и во штедилниците на крајот од минатата година имало вкупно 7,6 милијарди евра. Притоа, депозитите на  корпоративниот сектор биле 2,23 милијарди евра, а на домаќинствата двојно повеќе, или точно 4,96 милијарди евра. Колку за споредба (за да се види потенцијалот на депозитите на домаќинствата), планот за оваа година е во државната каса да се соберат 3,88 милијарди евра, или пак, износот на парите што ги имаат граѓаните на сметка е половина од бруто домашен производ (БДП), односно од се она што се создава како стоки и услуги во текот на едната година.

    Компарација за „моќта“ на депозитите на граѓаните:

    Локација на париИзнос
    Депозити на домаќинства4,96 милијарди евра
    Буџет 2022 (планирани приходи)3,88 милијарди евра
    БДП (2020, последни податоци)10,6 милијарди евра

    ДЕПОЗИТИТЕ РАСТАТ И ПОКРАЈ НИСКИТЕ КАМАТИ

    Податоците на Народната банка покажуваат и дека од декември 2020 година  кога вкупните депозити биле околу 7,07 милијарди до крајот на минатата година нивниот износ се зголеми за околу 530 милиони евра.

    Каматните стапки, пак, не се многу благонаклонети кон банкарските заштеди. Пад на каматните стапки има и за депозитите на корпоративниот сектор и за депозитите на домаќинствата.

    Движење на каматите на депозитите:

    ГодинаВкупна каматна стапка
    20210,76 %
    20200,96 %
    20191,29 %
    20181,42 %

    Депонирањето на парите во банките од страна на населенито, независно од ниските камати, според познавачите и не е за изненадување, и тоа од 3 причини: се уште ниско ниво на развиеност на финансискиот пазар во државата;  нивото на финансиска писменост за небанкарските форми на вложувања; и страв за инвестиции во финансирање на некој бизнис.

    ЗАБАВУВАЊЕ НА ЗАЛЕТОТ

    Изразно во проценти, износот на вкупните депозити во декември, за разлика од пред една година, се зголемил за 7,8 проценти, додека на месечно ниво растот бил 2,7 проценти. Притоа, растот на депозитите на корпоративниот сектор на месечно ниво бил 3,9 проценти, а на годишно ниво изнесувал 11,6 проценти. Депозитите на наслението во декември во однос на ноември се зголемиле за 2,2%, а во однос на декември 2020 година нивниот раст бил 7,1%.

    Сепак, декемврискиот годишен вкупен раст на депозитите од 7,8 проценти е помал во однос на оној во претходните 4 месеци. Всушност, минатата година најголемиот раст на депозитите од 9,9% е забележан во август, а потоа постепено се намалува. Ова укажува на забавување на растот на делозитите во последните месеци, што и не е за изненадување со оглед на новите соеви на коронавирусот, како и енергетската криза која на голема врата влезе есенва.

    Годишни стапки на раст на вкупните депозити

    ЈануариФевруариМартАприлМајЈуни
    6,37,17,16,97,16,8
    ЈулиАвгустСептемвриОктомвриНоемвриДекември
    6,39,98,38,18,17,8

    Наспроти собраните 7,6 милијарди евра во форма на депозити, банките и штедилниците дале кредити во вкупен износ од 6,28 милијарди евра. Износот на кредитите дадени во корпоративниот сектор изнесува 3 милијарди евра, а домаќинствата се кредитираат со 3,25.

    Податоците поажуваат дека во декември имало поголем раст на кредити, годишна стапка од 8,3% во однос на стапката на депозити која изнесува 7,8%.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично