ПОВЕЌЕ

    5 корисни совети од Комерцијална банка за подобри финансиски одлуки

    Време зa читање: 2 минути

    Ноември е месец на Финансиска писменост, која, пак, секогаш е основа за подобрување на управувањето со вашите лични финансии и, воопшто, за носење подобри финансиски одлуки.

    Личните финансии се лична одговорност на секого. Но, Комерцијална банка секогаш им помага на своите клиенти да носат правилни и мудри финансиски одлуки затоа што задоволството, благосостојбата и среќата се наша заедничка цел.

    Банката, како општествено одговорна компанија, придонесува за подигнување на нивото на финансиска писменост на граѓаните во земјава преку својата „Финансиска училница“ и преку секојдневната комуникација со своите клиенти.

    По повод одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, би сакале да ви пренесеме 5 корисни совети за полесно, поодговорно и поефикасно да ги користите банкарските производи и услуги.

    • Постојат прашања за кредит на кои мора да ги знаете одговорите – од вашата банка секогаш мора да добиете комплетни информации на јасен, едноставен и прецизен јазик.
    • Вашата кредитна историја е пресудна за лесен пристап до кредитни производи – затоа бидете одговорни кон вашите финансиски обврски и внимавајте да не се доведете во состојба на презадолженост.
    • План за решавање на задолженоста ќе ви помогне да стигнете до целта – направете листа на долговите, проверете го буџетот, направете долгорочен план, решете ги долговите, избегнувајте презадолженост.
    • Интернет и мобилното банкарство од новина станаа потреба – искористете ги за да заштедите време и пари и, притоа, подобро да менаџирате со вашите финансии.
    • Грижете се за вашите лични податоци – при секојдневното користење Интернет ставете силни лозинки, бирајте двојна или повеќекратна автентификација, избегнувајте јавни Wi-Fi мрежи, читајте ги нотификациите од вашата банка.

    Извор: kb.com.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично