Јавни општински претпријатија во долгови оти недомаќински работат.
Се снабдуваат со електрична енергија во краен случај, наместо директорите да одберат поевтини решенија?
Ќе има ли одговорност за ваквото трошење на парите на граѓаните?
Кое ќе биде решението за овие високи сметки?
Зошто општините не можат да се договорат за регионалните депонии?
Одговорите ќе ги даде претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Секако, ќе го прашаме и за тоа зошто тој би бил најдобар кандидат од ВМРО ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.