ПОВЕЌЕ

    Човештвото веќе ги искористи резервите на Земјата за 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Човештвото ќе ги потроши сите расположиви обновливи природни резерви на Земјата за 2020, според научниците кои посочуваат дека мрачниот праг оваа година беше достигнат нешто подоцна од претходната година затоа што пандемијата на коронавирус го забави неконтролираното исцрпување на природните резерви.

    Истражувањата покажуваат дека точката ќе биде достигната на 22 август (утре) во однос на минатата година, кога беше достигната на 29 јули, што значи редок случај на пресврт на трендот откако пандемијата запре живот и предизвика привремен пад на емисиите на стакленички гасови и уништување на шумите. Ова претставува намалување од 9,3 проценти во човечкото влијание во однос на претходната година, според Глобалната мрежа за отпечатоци.

    Но, тоа не е нешто што треба да се слави, изјави во четвртокот лидерот на мрежата, Матис Вакернагел.

    „Ова не е резултат на свесна одлука, туку на катастрофа“, додаде тој.

    Научниците го пресметуваат денот кога човештвото ги троши сите природни резерви што Земјата успева да ги обновува од година во година, проучувајќи ја човечката потрошувачка и потреби за храна, енергија, простор за домаќинства и патишта и капацитетот на планетата да ги апсорбира глобалните емисии, вели Вакернагел.

    Според студијата, пандемијата предизвикала намалување од 14,5% на емисиите на јаглерод диоксид во однос на претходната година, а уништувањето на шумите паднало за 8,4% како резултат на очекуваниот пад на побарувачката. Научниците посочуваат дека пандемијата предизвика големи нарушувања во глобалниот земјоделски систем и пазарите, но заклучуваат дека целокупниот ефект врз намалувањето на обемот на влијанието на човештвото на планетата е мал.

    Глобалната мрежа за отпечатоци наведува дека промените во навиките на потрошувачите се можни на краток рок, како резултат на напорите за контрола на пандемијата.“

    Шефот на WWF International, Марко Ламбертини повика на размислување за фактот дека економскиот развој не мора да биде придружен со уништување на животната средина. „Можеме да еволуираме, но не на штета на нашата планета затоа што знаеме дека планетата во криза значи општество во криза и економија во криза“, додаде тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично