Централна кооперативна банка АД Скопје воведе најповолни промотивни услови на пазарот – за девизни дознаки во евра спроведени преку TARGET2 односно за сите клиенти кои дозначуваат средства кон банки учесници во TARGET2 со опција SHA/BEN по тарифа со фиксни 250 МКД за дознаки реализирани преку CCB online/mobile или со фиксни 500 МКД реализирани преку Експозитурите на Банката.
Системот TARGET2 е платен систем на Еврозоната и негови членки се сите земји од Европската Унија и Европската економска област (European Economic Area EEA) – како директни учесници. Како индиректни учесници вклучени се бројни други банки од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Кина,Турција, САД и други држави, односно потенцијалот за спроведување плаќања е кон повеќе од 52 илјади банки во светот.
Кои се предности на плаќањата извршени преку системот TARGET2:
- Тарифата е најниска во однос на сите банки во Македонија – за извршување на EUR плаќања, само кон учесници на TARGET2,
- Во процесот нема коресподентски банки односно се избегнува подолгото време на процесирање,
- Плаќањето е брзо – во рок до 5 минути средствата се во банката на корисникот,
- Веднаш се спроведува порамнување со банката на корисникот, доколку истата е членка на TARGET2,
- Плаќањето е сигурно – се работи за Европски централизиран и постојан платен систем,
- Клиентот односно Налогодавачот добива можност за плаќања преку најефтин канал бидејќи нема високи дополнителни трошоци од коресподентни банки врз износот на дознаката,
- Примачот добива износ намален за минимални трошоци (3 еур и трошоци од банката на корисникот – доколку такви постојат).