ПОВЕЌЕ

    ЦЕНАТА НА ПАРНОТО НЕИЗВЕСНА, РКЕ препорачува субвенции за спас на граѓаните од ценовен шок

    Време зa читање: < 1 минутa

    По која цена ќе се греат корисниците на парното греење во Скопје, ќе се знае пред самиот старт на сезоната, кога за тоа ќе одлучуваат во Регулаторната комисија за енергетика.

    „Поднесените барања за цената се исклучително комплексни, затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително, цената на гасот драстично варира и предвидливоста би била попрецизна кога одлуката би се донела пред грејната сезона“, е изјавата дадена за МИА од страна на регулаторите.

    Воедно, сметаат дека е неопходно субвенциите да продолжат за да нема ценовен шок за потрошувачите.

    „Енергетскиот сектор по Ковид-кризата и по енергетската криза треба да влезе во фаза на стабилизација. Неизвесноста се уште е присутна, но се следи состојбата“, велат од РКЕ.

    Вообичаено, РКЕ одлуката за цената на парното греење во Скопје ја носи до први август во тековната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично