ПОВЕЌЕ

    Цената на нафтата скокна по повикот на саудискиот министер за претпазливост

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од еден долар за барел откако саудискиот министер министер за енергија Принцот Абдулазиз бин Салман, повика на претпазливост и будност во врска со идните намалувања на снабдувањето, на почетокот на состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници. 

    Фјучерсите на нафтата за Брент во Северно Море пораснаа за 1,01 американски долари или 1,6 отсто, на тргување до 65,08 долари за барел до 14:43 часот по средноевропско време, додека американската сурова нафта WTI зајакна 84 центи или 1,4 отсто, на 62,12 долари за барел, пренесува Ројтерс.

    Министрите на ОПЕК и нивните сојузници денес во 13 часот започнаа состанок на кој главна тема е намалувањето на производството на нафта во наредниот период.

    Аналитичарите и трговците велат дека четиримесечното покачување на цените на „црното злато“ од под 40 долари за барел не оди во чекор со побарувачката и дека физичкиот обем на продажба не се очекува да одговара на понудата до подоцна во 2021 година.

    Сепак, поради сегашното ниво на цени над 60 долари, некои аналитичари предвидуваат дека групата ОПЕК + сепак ќе го зголеми производството за околу 500.000 барели на ден и очекуваат дека Саудиска Арабија може да го измени своето доброволно намалување на испумпувањето за еден милион барели на ден.

    Во Соединетите држави, и покрај рекордното зголемување на залихите на сурова нафта од над 21 милион барели минатата недела, залихите на бензин паднаа на најниско ниво во последните 30 години, бидејќи рафинериската активност беше сведена на минимум поради брановите на леденото време во Тексас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично