ПОВЕЌЕ

    Чекори како да направите план за отплата на голем кредит

    Време зa читање: 5 минути

    Ве интересира како да направите план за отплата на голем кредит? Следете ги следните чекори за правење на детален план и достигнете финансиска слобода.

    Кредитите кои имаат висока главница доаѓаат со големи одговорности. За навремена отплата, потребен е детален план и финансиска дисциплина. Додека финансиската дисциплина зависи од индвидуа до индивидуа, чекорите како да направите план за отплата на голем кредит се генерално исти.

    Изготвувањето на план за отплата на голем кредит е клучен чекор за обезбедување финансиска стабилност и избегнување на презадолженост и останати финансиски потекотии. Еве ги најважните аспекти во планирањето на отплатата на кредити.

    Како да направите план за отплата на голем кредит?

    На прв поглед, плановите за отплата на голем кредит можат да изгледаат премногу сложено доколку не знаете од каде да започнете. Но, тоа може лесно да се достигне со доволна информираност, посветеност и финансиска дисциплина.

    Планот за отплата на голем кредит треба да се базира на следните работи:

    • Анализа на финансиската состојба со голем акцент на вкупните долгови, месечни трошоци и примања
    • Можност за делумна или целосна предвремена отплата
    • Флуктации на пазарот и понудата на кредити
    • Ризик од промена на финансиската стостојба
    • Приоритети и цели на корисникот на кредит
    • Можност за предвремена отплата

    Пресеметајте го вашиот вкупен долг

    Првиот чекор при планирање на отплатата на кредит за финансиска стабилност е пресметување на вкупниот долг. Најбезбедната опција да се направи тоа е да се побара амортизационен план за кредитот или кредитите.

    Амортизациониот план е документ во кој детално се прикажуваат висината на главницата и каматите кои треба да се исплатат. Исто така, амортизациониот план ја прикажува временската рамка и динамиката на отплата на кредитот. 

    Имајќи увид во тековниот моментален амортизационен план, може да се направи нов план за буџетирање на кредит со сумата која е преостаната.

    Делумна или целосна предвремена исплата на голем кредит

    Во многу наврати, делумната или целосната предвремена исплата на кредит носи големи придобивки.

    Размислете за рефинансирање

    Доколку вкупниот долг е составен од повеќе мали долгови, се препорачува тие да се исплаќаат според приоритетот на отплата. Највисоко на листата треба да бидат долговите кои имаат највисоки каматни стапки, со цел да се заштедат финансиски средства на долг рок. Заштедените пари во исто време, може да се искористат за исплаќање на преостанатите долгови.

    За рефинансирање може да се аплицира и во банкарски и во небанкарски финансиски институции. Најчесто, процесот за рефинансирање во банка трае подолго, бидејќи потребно е исполнување на строги критериуми. Исто така, каматните стапки може да бидат поголеми отколку во небанкарски финансиски институции. Во исто време, предноста со банкарските финансиски институции е тоа што сумите кои што може да се позајмат се високи.

    Друга честоприменувана опција за рефинансирање е со брзи кредити. Тие се одликуваат со едноставен процес на аплицирање, брзо одобрување и добивање на финансиските средства во краток период, најчесто помалку од 24 часа.

    Плаќање повисоки месечни аниуитети од договорените

    Висината на месечните аниуитети кои треба да се исплатат се пресметуваат според можностите и преференциите на кредитобарателот во моментот при аплицирање за кредит. Неретко се случува, финансиската состојба на кредитобарателот да се измени во текот на рокот на отплата.

    Во случаи кога се забележува зголемување на месечните примања, добра стратегија е да се зголеми и месечна отплата на кредитот. Така, кредитот ќе се исплати во пократок рок, а помал рок на исплата значи намалена камата која треба да се покрие.

    Вложување на повисоки суми на пари

    Постојат случаеви кога корисниците на големи кредити имаат еднократен прилив на пари од различни извори. Тоа може да биде продажба на движен или недвижен имот, бонуси од работа, наследство и слично.

    Доколку тоа се случи, вреди да се размисли за вложување на дел или целосно да се искористи дополнителниот прилив на пари за делумно предвременотo отплаќање на големиот кредит.

    Практични совети како да ја избегнете презадолженоста при отплата на голем кредит

    Големите кредити најчесто имаат подолги рокови за отплата, зголемувајќи го ризикот од ненавремено исплаќање на месечни рати и презадолженост. Прво и најважно, секој корисник на кредит треба да биде запознаен со обврските и условите кои се наведени во договорот за кредитирање. Кога станува збор за избегнување на презадолженост, најважни аспекти од договорот се:

    • Месечни обврски поврзани со исплата на кредитот
    • Услови и трошоци за предвремена делумна или целосна отплата на кредит
    • Можност и трошоци поврзани со одложување на рата
    • Висина и видови на каматни стапки
    • Пенали за задоцнување на рати за исплата

    За да се избегне презадолженост, треба да се обрне внимание и на останатите месечни трошоци. Кога правите план за исплата на голем кредит, треба да ги имате предвид сите месечни трошоци за живот, вклучувајќи ги редовните како и непланираните трошоци.

    Оптимизирањето на трошоците во периодот кога се исплаќа голем кредит е препорачано. Како на пример, одлични финансиски практики се креирање на заштеда за итни случаеви, намалување или целосно избегнување на непотребни трошоци, детално планирање на месечниот буџет и негово почитување и слично.

    Последниот совет за како да ја планирате отплатата на голем кредит, е да се биде флексибилен. Во реалноста финансиските можности постојано се менуваат. Затоа, од огромна важност е да се прави редовна ревизија и контрола на успешноста на планот за отплата на големиот кредит. Планот секогаш треба да биде заснован на реални цели и можности.

    Заклучок

    Да резимираме како да направите план за отплата на голем кредит. Планот треба да е флексибилен и да се прилагодува според потребите и можностите на кредитокорисникот. Во исто време, треба да се исполнуваат сите обврски предвидени во Договорот за кредитирање и да се избегнува презадолжување.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично