ПОВЕЌЕ

    Бизнис правилата на Брус Ли

    Време зa читање: 4 минути

    Актерот Брус Ли не беше само голема американска ѕвезда и симбол на азиската боречка култура, и на екранот и во реалноста, туку и поп икона на минатиот век. За сите љубители на спортот, Брус, роден 1940, а починат во 1973 година е ѕвезда и затоа што е пионер на ММА (mixed martial arts) боречките вештини. Беше многу иновативен и сведоците тврдат дека бил исклучително вреден и упорен во идејата да ги научи сите постоечки вештини и да направи нова синтеза и нов стил. Џит кун до на тој начин стана насока на Брис Ли, која и денес живее преку неговите наследници и училишта.

    ЗОШТО ГО МРАЗЕА?

    Неколку филмови снимени од Ли влегоа во историјата. Но и искуството на статистите од снимањето на истите тие филмови замина во историјата. Дури и Тарантино, во еден од неговите појавувања во подкаст, зборуваше за она што го научил за Брус Ли и неговата посветеност на неговата работа. Сè требаше да биде по него и сите го мразеа. „Тие го мразеа Брус Ли и сите го знаеја тоа. Секогаш со полна сила ги удира статистите, без да глуми. Немаше почит кон соработниците и каскадерите. Тој всушност мислеше дека тие не се доволно добри и сакаше сцените да изгледаат реално“, изјави режисерот Квентин Тарантино.

    Не е тајна дека Брус Ли ја поминал својата младост во вистински улични тепачки во населбите на Хонг Конг. Борбата беше цел негов живот. Сакаше совршенство, мајсторство и автентичен правец на умешност и филозофија на животот и работата. И, успеа, но рано го заврши животот, веројатно поради земање премногу лекови против болки.

    БРУС ЛИ И СУШТИНАТА

    „Целото знаење е знаење за себе. Дојдоа кај мене за знаење, но не за тоа како да се бранат или да се борат, туку како да се изразат преку движење. Тоа може да биде израз на лутина, решителност, не е важно. Ме плаќаат за да ги научам да ги користат своите тела преку борбени потези за да ја усовршат уметноста на изразување. Ќе звучи филозофски, што е така, но суштината е да се доведе природниот инстинкт и контрола во состојба на хармонија. Ниту едното ниту другото не смее да ја преземе улогата и да оди до крајност. Во тој случај човекот ќе стане или неук или механичко суштество кое не може да биде човечко суштество. Целта е совршен спој кај човекот што би можел да се опише како природна неприродност, две половини од една целина“, му рекол Брус Ли на новинарот Пјер Брентон во интервју од 1971 година.

    Покрај големата популарност и иновативност што ја донесе на американската филмска продукција со својот изглед, Брус Ли беше мајстор и основач на Џит Кун, боречка вештина и животна филозофија. Како што напиша во книгата на која работеше додека лежеше поради повреда на ‘рбетот, влегуваш во Џит Кун До за да ја совладаш волјата. Заборавете на победите и поразите, на гордоста и болката“, напиша Брус Ли.

    БРУС ЛИ – ПРАВИЛА ЗА БИЗНИСОТ

    Растот на кинеската економија, заканата од Кина како следна иманентна суперсила и влегувањето на источната култура во големите порти на Западот, се одразија на сегашната деловна атмосфера и естетика. Така Брус Ли со својот имиџ, работа и размислувања стана пример за делот од деловниот свет кој ги прифаќа источните манири и принципи на бизнис.

    Првото и основно правило на Ли кое вреди да се имитира е дека не треба да смислувате нешто сосема ново за да успеете во бизнисот. Не мора, да речеме, да произведувате сосема нов телефон. Сè што треба да направите е да го земете најдоброто од постоечките, да ги исфрлите лошите. Ќе добиете нов производ како комбинација од веќе познати, добри делови.

    Фокусирајте се на вашите силни страни. Не се задржувајте на слабостите. Ли стана мајстор за боречки вештини, кои ги претвори во проект, проект во производ и сето тоа беше добар бизнис.

    „Ако си поставите граници во сè што правите, физички или на друг начин, тој пристап ќе се прошири на целиот ваш живот и работа. Нема граници. Има висорамнини до кои можете да стигнете, но не смеете да останете на нив. Мора да одите повисоко“, напиша Брус Ли во книгата Тао и Џит Кун објавена од неговата сопруга неколку години по смртта на Ли.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично