ПОВЕЌЕ

    По една година биткоинот ја премина границата од 12.000 долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоин, достигна вредност од 12.000 американски долари за прв пат од август 2019 година, според податоците од криптовалутната берза „Coindesk“.

    Најпознатата криптовалута достигна вредност од 12.000 долари, највисока вредност во последната година. Биткоинот својата максимална вредност ја достигна во декември 2017 година кога достигна пазарна вредност од 19,783 долари.

    Според некои финансиски аналитичари, зголемувањето на интересот за биткоинот е поврзано со финансиската криза што го зафати целиот свет, како последица на пандемијата на коронавирус.

    Како по правило, биткоинот, како и златото, ја зголемува вредноста во време на кризи, затоа што тогаш луѓето бараат заштита од падот на вредноста на националните валути.

    Се очекува криптовалутите да продолжат да ја зголемуваат својата вредност.

    Само за потсетување, цената на златото веќе достигна историски рекордна вредност од речиси 2.000 долари за унца.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично