ПОВЕЌЕ

    Берзански контрасти: Акцијата на „Раде Кончар“ со плус 50%, на „Либерти“ со минус 18,75%

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на две скопски компании – „Раде Кончар“ и „Либерти“ се предводници на берзанските листи за најголем раст и пад на вредноста во јануари.

    Првото место на позитивната листа акцијата на „Раде Кончар“ го обезбеди со 50-процентното зголемување на просечната цена. На 30 декември просекот изнесувал 2.000, а на 31 јануари 3.000 денари.

    Од третото место на декемвриската минус листа, акцијата на „Македонијатурист“ во јануари се префрли на втората позиција со забележаниот раст од 25,44 проценти. Притоа, достигнува вредност од 10.600 денари, за разлика од претходното просечно ниво од 8.450 денари. Инаку, ова второ место го држеше и во ноември (9.050 денари).

    Во последниот месец од минатата година изнесувала 92.788,89 денари, а во текот на јануари просечната цена на акцијата издадена од „Макпетрол“ е 104.499,93 денари. Тоа значи движење по нагорна линија за 12,62 проценти.

    Единствената банка рангирана на оваа листа е акцијата на ТТК Банка Скопје. Просечната цена пораснала за 12,29 насто. Од 1.950 на 2.189,74 денари.

    На петтата позиција е хартијата од вредност на Тутунскиот комбинат од Прилеп. Месечната разлика кај просечната цена е десет проценти. Во декември изнесувала 250, а во јануари 275 денари.

    Негативата од 18,75 проценти ја позиционира акцијата на „Либерти“ прва меѓу петте со најголемо месечно осипување. Разликата во просечната цена е три денари, односно од 16 се намалила на 13 денари.

    Следи Стопанска банка Скопје, чија акција ослабела за 8,98 отсто – од 2.973,47 денари во декември на 2.706,41 денар во јануари. Еден месец порано, оваа акција беше исто така на второто место, но на листата со предзнак плус.

    Паднала и просечната вредност на акцијата од битолскиот „ЗК Пелагонија“, за 7,20 отсто. На 31 јануари чинела 3.350 денари, а еден месец претходно – 3.610 денари.

    За 20 денари, од 295 денари во декември опаднала на 275 денари во јануари акцијата на „Хотели Метропол Охрид“. Или, за 6,78 проценти

    Оваа листа завршува со „Тетекс“ од Тетово, поради регистрираното намалување на акцијата за 3,51 отсто. На 30 декември изнесувала 2.850 денари, а на 31 јануари имала просечна вредност од 2.750 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично