ПОВЕЌЕ

    БЕЛАТА ТЕХНИКА АТРАКТИВНА И ЛАНИ: „Нептун“, „Сетек“, „Техномаркет“ и „Анхоч“ продале роба за 155,7 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА | Трговијата со мали и големи куќни апари, како и со компјутери, лаптопи и друг вид на техника, може да се каже дека не само што не беше погодени од пандемијата, туку таа дури и стана поатрактивна, а во случајот со лаптопите и неопходни во услови кога се работните и училиште обврски се вршеа онлајн. Овој глобален тренд на ја заобиколи ни Македонија, па податоците покажуаваат раст на приходите кај најголемите трговци со бела техника, компјутери, телевизори, и разни други технички помагала и апарти за домаќинство.

    Според податоците на БизнисМреже.мк, четирите најатрактивни компании во овој бизнис – „Нептун“, „Сетек“, „Техномаркет“ и „Анхоч“, минатата година направиле вупен приход од 155,7 милиони евра, додека во 2020 година имале вкупн промет од 138,2 милиони евра.

    Финансиски показатели за најголемите комании за апарати за домаќинство и техника

    (во евра)

    КомпанијаПриход 2021Приход 2021/2020Добивка 2021Добивка 2021/2020
    Нептун69.000.000+ 16,34%2.500.000-16,51%
    Сетек50.500.000+ 13,06%2.870.000+ 8,06%
    Техномаркет16.520.000+ 3,79%390.000- 45,62%
    Анхоч16.500.000+1.80% 1.200.000 -  5,24%

    Податоците покажуват и дека покрај растот на приходите, само „Сетек“ може да се пофали со раст на добивка. Другите имале намалување на добивката, а најдраматичното намалување е во „Техномаркет“ дури 45,62 проценти. Она што само по себе се наметнува како прашање е што е тоа што наметнало вакво драматично зголемување на трошоците. Упатените објаснуваат дека има повеќе причини: се зголемила набавната цената на производите, па компаниите оделе со помала заработка, значително се зголемила цената за струјата на крајот од 2021 година и особено се зголемиле транспортните трошоци, особено за стоката што стигнува со бродски контејнери.

    „Пари“ ги анализираше и платите и бројот на вработените во 2020 и во 2021 година. Заклучокот е дека осевн во „Техномаркет“, платите во другите компании малку се зголемиле, а бројот на вработените се намалил само во „Нептун“.

    Движење на плати и на број на работници

    КомпанијаПросечна нето-плата во 2021Број на вработени во 2021Просечна нето-плата во 2020Број на вработени во 2020
    Нептун30.96236930.249387
    Сетек20.362413 19.852371
    Анхоч26.63913524.687120
    Техномаркет22.19222722.332224

    Според Центарот за истражување на глобалниот пазар „Euromonitor International“, глобалниот пазар на големи апарати пораснал за 3% во 2021 година, закрепнувајќи од слабиот раст од 0,3% во 2020 година.

    „Главните двигатели продолжија да бидат еономските пакети за стимулација на потрошувачите, ниските каматни стапки, континуираните хибридни работни аранжмани и растечкиот пазар на станови“, констатираат аналитичарите од Euromonitor International.

    Но, како што објаснуваат тие, растот во 2021 година постепено се намалува, има проблеми со синџирите на испорака, инфлацијата почнува да врши притисок.

    „Euromonitor International“ очекува растот да се намали во 2022 година, бидејќи има повисоки каматни стапки, а и поради тоа што имаше голема побарувачка на апарати во 2021, така што голем дел од потрошувачите ги задоволија потребите.

    Аналитичарите на „Euromonitor International“ направиле и интересна анализа за тоа кои и кави апарти глобално се барале за време на пандемијата.

    „Потрошувачите имаа две години со локдауни   и со „отклучувања“ за да ги разгледаат апаратите што сакаа да ги имаат дома. Во почетокот на 2020 година, фокусот беше на складирање храна и уреди поврзани со хигиена. Почнувајќи од средината на годината, додека потрошувачите експериментираа со готвењето дома, фокусот се префрли на апаратите за готвење, мали и големи. Во 2021 година, потрошувачите го продолжија своето искуство со готвење дома, при што многумина истражуваа нови рецепти на социјалните мрежи. Високиот раст раст се префрли од големите апарати кон малите апарати, претежно во областите за подготовка на храна и хигиенa“, анализира „Euromonitor International“.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично