ПОВЕЌЕ

    Бектеши открива: Во увезениот мазут најдени вода и пепел

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес конференција посочи дека се сублимираат сите извештаи, а утре или најдоцна до среда, ќе ги објават сите детали околу увозот на мазут.

    Тој вели дека веќе по контрола во акредитирани лаборатории, неколку цистерни се вратени од страна на царината, поради тоа што било откриено поголемо количество на вода од предвиденото.

    „Ако во правилникот согласно македонскиот стандард е дозволено 1 %, одредени цистерни имале 4 или над 4 проценти вода. Но, не е проблем само во водата, имало и надминување на параметрите во однос на пепелот“, истакнува Бектеши.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично