ПОВЕЌЕ

    Бектеши: Во петок кривични пријави против дел од увозниците и трговците

    Време зa читање: 2 минути

    „Во петок јавно ќе се покренат кривичните постапки“, најави министерот за економија, Крешник Бектеши. Ова се однесува на увозниците и трговците со овошје и зеленчук, за кои инспекторите утврдиле дека не ги почитувааат владините мерки за замрзнувањето на цените.

    Во акацијата што се одвиваше во текот на вчерашниот ден биле одземени повеќе од 15 тони овошје и зеленчук, а според министерот, прекршочни пријави заработиле и управителите на Кванташкиот пазар, компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ.

    Нагласи дека казни има за некои од увозниците, но и за одделни компании кои се занимаваат со малопродажба.  Од поголемите маркети кои манифестирале непослушност, ги наведе КАМ, Веро, Кипер, Стокомак, Миса, Тинекс… Паричните казни веќе им се изречени.

    Инспекторите и натаму се на терен, посочи Бектеши.

    Директорот на државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, наведе дека на Кванташки пазар биле констатирани повеќе прекршоци. Одземената стока е предаден на Агенцијата за управување со одземен имот.

    Воедно, Трајковски соопшти дека од денес сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта. Тоа мора да биде пракса, дециден е тој, системот мора да профункционира.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично