ПОВЕЌЕ

    Огромен ризик за банките: 360 милијарди евра заеми под мораториум во Европа 

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемите европски банки воведоа мораториум или други стимулации за отплата на повеќе од 360 милијарди евра (425 милијарди долари) заеми.

    Сепак, големо прашање е дали должниците ќе можат да продолжат да ги подмират своите обврски кога истекуваат тие мерки за поддршка, пишува Ројтерс.

    Според упатствата на владите и монетарните регулатори, заемодавателите им дадоа пауза на милиони граѓани и клиенти за да им помогнат да се справат со финансиските потешкотии предизвикани од коронавирусот.

    Не е лесно да се утврди колку од овие заеми би можеле да завршат во категоријата “лоши заеми”, кога ќе завршат мерките за поддршка и во која мерка банките ќе претрпат загуби за возврат, пренесува британската агенција.

    Податоците од седумте најголеми европски банки, кои доставија податоци за воведените олеснувања за должниците на крајот на вториот квартал, покажуваат дека вредноста на заостанатите заеми под мораториумот е околу 15 пати поголема од вкупниот износ на резерви за потенцијални загуби на заемот.

    Европските регулатори изјавија дека банките не треба автоматски да издвојуваат пари за да ги покријат заемите кои се предмет на пауза во отплата, доколку се до одреден степен убедени дека нивнaтa отплата ќе продолжи нормално.

    Томас Вердин, директор за управување со регулативата на банката, посочува дека некои клиенти кои не се во финансиски потешкотии побарале кратка пауза во отплата на заемите за претпазливост.

    „Значи, вие не знаете дали обемот на заеми што се наоѓаат под мораториумот е сигнал дека клиентот е во финансиски потешкотии“, додаде тој.

    Шпанската банка Сантандер вели дека околу 116 милијарди евра заеми се под една од мерките за пауза на отплатата. Околу една третина од таа сума истече до 15 јули, а огромното мнозинство од тие заеми сè уште се во прекин.

    Должниците кои избираат да не ја продолжат паузата во отплата на заемот, веројатно се во посилна финансиска позиција.

    Во Велика Британија, почетната програма на тримесечниот мораториум за отплата на заемот веќе еднаш беше продолжен, а за повеќето заеми рокот за продолжување на отплатата ќе биде во есен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично