ПОВЕЌЕ

    Бахамите најголем инвеститор во земјава во првата половина од 2019 година

    Време зa читање: 2 минути

    Бахамите се најголемиот странски инвеститор во земјава со директни инвестиции од 42,48 милиони евра во првата половина од 2019 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

    На второ место на листата најголеми странски инвеститори е Турција со инвестирани 27,16 милиони евра, а на третото Швајцарија со инвестирани 21,76 милиони евра. САД е на четвртото место со 14,34 милиони евра, а Словенија е на петтото место од поголемите инвеститори со 12,87 милиони евра.

    Во првиот квартал вкупните директни инвестиции се 49,51 милиони евра, а во вториот квартал 6,12 милиони евра, или вкупно за првата половина на 2019, 55,63 милиони евра.

    Според НБРСМ за 85-те земји опфатени во податоците за странски директни инвестиции:

    I квартал 2019 – ДИ вкупно 147,83 милиони евра и одлив на капитал -192,14 милиони евра, што дава вкупен износ од -44,31 милиони евра. Со износот од 93,83 милиони евра кој е дел од реинвестирање на добивките (нераспределено), се добива вкупниот износ за првиот квартал или 49,51 милиони евра.

    II квартал 2019 – ДИ вкупно 82,18 милиони евра и одлив на капитал -92,38 милиони евра, што дава вкупен износ од -10,19 милиони евра. Со износот од 16,31 милиони евра кој е дел од реинвестирање на добивките (нераспределено), се добива вкупниот износ за вториот квартал или 6,12 милиони евра.

    Најголемиот инвеститор во земјава, Бахамите влегуваат во категоријата земји коишто се познати како „даночен рај“ (offshore tax heaven) каде не се води сметка за потеклото на капиталот што поминува низ нивните финансиски институции. Се смета дека „офшор“ финансиската индустрија на Бахамите зазема 30% од БДП на земјата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично