ПОВЕЌЕ

    Азиски пазари: Несигурноста од САД ги намали индексите на берзите

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на акциите паднаа на азиските берзи во четвртокот, како и на Волстрит претходниот ден, поради несигурност во врска со преговорите за нови економски стимуланси во САД, но и поради немилосрдното ширење на коронавирусот во светот.

    Индексот на азиско-пацифички акции MSCI, со исклучок на јапонскиот, падна за 0,6 проценти околу 19:00 часот.

    На берзата во Токио, индексот Никеи падна за 0,7 проценти, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија, Сингапур, Шангај и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,2 и 1,2 проценти.

    Азиските инвеститори беа потресени од вчерашните умерени, но сепак опаѓачки цени на акциите на Вол Стрит.

    Преговорите меѓу Белата куќа и Конгресот за нови мерки за помош на економијата во борбата против коронарната криза остануваат во фокусот на инвеститорите.

    Најважните прашања се каква ќе биде вредноста на стимулацијата и дали ќе се постигне договор пред претседателските избори на почетокот на ноември.

    Министерот за финансии Стивен Мнучин и Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом, вчера изјавија дека е можен договор, и покрај противењето на републиканците во Сенатот, и дека преговорите ќе продолжат во четврток.

    Белата куќа, во меѓувреме, соопшти дека сè уште има разлики во мислењата меѓу владата и Претставничкиот дом на демократите, а претседателот Доналд Трамп ги обвини демократите дека не сакаат да направат компромис.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично