ПОВЕЌЕ

    Американизацијата заврши, светот се свртува кон Азија

    Време зa читање: 3 минути
    Во 19 век, центарот на светот беше Европа, а еден век подоцна стана Америка. Сега светот се свртува кон Азија, многу побрзо отколку што изгледа.

    Подемот на Азија е молскавично брз. Таа е дом на повеќе од половина од светската популација, па во само една генерација од регионите со ниски приходи, таа се сврстува во регион со средни приходи.

    До 2040 година, Азија веројатно ќе генерира повеќе од 50% од светскиот БДП и претставува скоро 40% од глобалното трошење, пренесува Светскиот економски форум, пренесува Indeks.

    Новите истражувања на Глобалниот институт McKinsey покажуваат во колкава мерка глобалниот фокус се движи кон Азија. Денес, тој регион има поголем удел во светската трговија, капитал, население, знаење, транспорт, култура и ресурси.

    Од осумте видови на прекугранични текови, само отпадот се движи во спротивна насока, како одраз на одлуката на Кина и другите азиски земји да го намалат увозот на смет од развиените земји.

    Азија има 21 града меѓу 30-те најголеми во светот

    Азија денес претставува една третина од глобалната трговија со стоки, а пред 10 години учествуваше со само една четвртина. Отприлика со иста разлика, учеството на патниците од/во Азија во глобалниот авионски превоз се искачи од 33 на 40 проценти, а учеството во протокот на капитал се искачи од 13 на 23 проценти.

    Градовите на континентот исто така се развиваат, а Азија има 21 града меѓу 30-те најголеми во светот и 4 од 10-те најпосетувани.

    И некои помалку познати азиски градови денес се на радарот на инвеститорите.

    Бекаси, мал град во близина на Џакарта наречен азиски Дитроит, се етаблира како центар на индустријата за автомобили и мотори во Индонезија. Во текот на последната деценија, СДИ во урбаната производствена индустрија порасна со просечна стапка од 29 проценти на годишно ниво.

    Кина држеше 44% од сите патенти во светот во 2017 година.

    Но, не се само надворешните текови ориентирани кон Азија. Динамичките интра-регионални мрежи исто така имаат напредок. Околу 60 проценти од целата азиска трговија се одвива во рамките на континентот.

    Интра-регионалното финансирање и протокот на инвестиции исто така се во пораст, со повеќе од 70 проценти од азиските стартапи се финансираат од регионални извори.

    Со години, набудувачите дискутираа за идниот потенцијал на Азија. Таа иднина пристигна. Влеговме во „азиско време“, како што рече писателот Parag Khana. Веќе нема назад.

    Извор: Bankar.rs

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично