ПОВЕЌЕ

    Како алгоритмите на Амазон ве тераат да трошите повеќе?

    Време зa читање: 2 минути

    Амазон е фантастичен пример за веб страна која користи многу софистицирани алгоритми дизајнирани да управуваат со целокупното однесување на секој посетител. Понекогаш се случува да ставите одредена книга во кошничката за купување и после еден ден, да приметите или да добиете известување дека истата три центи поефтина.

    Амазон може да си дозволи да го прави тоа бидејки користи вештачка интелигенција која постојано тестира, со кој пристап, процентуално, една група ќе потроши повеќе. На долг рок, тие неколку центи од некоја група на производи, Амазон нема да ги осети, не позитивно ќе се одрази на крајната статистика.

    Амазон е прекрасна компанија, но во основа е еден алгоритам за учење на машини. Тој е дизајниран да го направи она што се нарекува арбитража. Знае што најдобро продава и што може да продава по која цена. И може да ја прилагоди профитабилноста во таа зона со цел да се зголеми продажбата, за да на крај да се зголеми профитот. И тоа може да го стори на начин што е далеку поефикасен отколку било кој друг метод кој досега бил употребуван во трговија на мало. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично