ПОВЕЌЕ

    Алкалоид со најголема добивка во 2019 од сите домашни компании

    Време зa читање: 2 минути

    Од домашните компании, во текот на минатата година фармацевската компанија Алкалоид имала најголема добивка, додека пак ако се анализираа добивката на сите компании во земјава, вклучувајќи и странски и државни, Алкалоид е на десеттото место.

    Компанијата остварила добивка во износ од 16,4 милиони евра, а има приходи од 141, 1 милиони евра. Во оваа фирма просечниот број на вработени лани бил 1 588 што ја вбројува и во групата на најголеми работодавачи.

    Во однос на претходната година Алкалоид има зголемување и на приходите и на добивката. Па така, во 2018 оваа фармацевтска компанија има приходи во износ од 128,2 милиони евра а добивката изнесувала 13,7 милиони евра. Алкалоид во текот на минатата година го зголемила и бројот на вработени за 104 во однос на претходната година.

    Прочитај ја целата анализа: ТОП 10 приватни компании – локомотива на економијата!

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично