ПОВЕЌЕ

    Топ 10 приватни компании – локомотива на економијата!

    Време зa читање: 5 минути

    Дел извозно ориентирани, но дел со целосна присутност на домашниот пазар – различни се профилите на приватните компании со домашен капитал во земјава. „Трагет Груп“ ги објавува домашните приватни фирми кои се водечки според  добивката – но и податоци за приходите и бројот на вработени во нив.

    Од домашните компании, во текот на минатата година фармацевската компанија Алкалоид имала најголема добивка, додека пак ако се анализираа добивката на сите компании во земјава, вклучувајќи и странски и државни, Алкалоид е на десеттото место.

    Компанијата остварила добивка во износ од 16,4 милиони евра, а има приходи од 141, 1 милиони евра. Во оваа фирма просечниот број на вработени лани бил 1 588 што ја вбројува и во групата на најголеми работодавачи.

    Во однос на претходната година Алкалоид има зголемување и на приходите и на добивката. Па така, во 2018 оваа фармацевтска компанија има приходи во износ од 128,2 милиони евра а добивката изнесувала 13,7 милиони евра. Алкалоид во текот на минатата година го зголемила и бројот на вработени за 104 во однос на претходната година.

    Според успешноста високо котира и нафтената компанија МАКПЕТРОЛ, која лани има раст и на приходи и на добивка во однос на претходната година. Лани, Макпетрол остварила приход во износ од 372,3 милиони евра а добивката била на ниво од 14,3 милиони евра. Просечниот број на вработени во 2019 та година бил  1 835.

    Во 2018 година приходите изнесувале 357,7 милиони евра, додека добивката на оваа нафтена компанија била 12,6 милиони евра. Бројот на вработени за една година е зголемен за 56.

    Со профит од 6,3 милиони евра, меѓу водечките од оваа листа на домашни приватни компании е друштвото за производство, трговија и услуги ИГМ-ТРЕЈД Илија од Кавадарци – извозно ориентирана фирма која од семеен локален бизнис прерасна во компанија која е инвеститор на европските пазари. Лани ИГМ генерирала приход во износ од 109,5 милиони евра а просечниот број на вработени бил 444.

    Сепак оваа компанија има пад на приходите и добивката во однос на 2018 година. Односно, лани оваа компанија имала приходи од 131 милиони евра а добивка од 11,9 милиони евра.

    Друштво за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ уште една домашна компанија која котира високо според профитот. Лани добивката изнесувала 6,2 милиони евра додека вкупниот приход на Орка бил 9 милиони евра, со 24 вработени просечно во текот на 2019 та година. Компанијата бележеи мал пад на приходите и добивката споредено со 2018 година.

    Следува компанијата Рапид Билд која лани има добивка од 5,1 милиони евра, и во однос на 2018 има драстично зголемување. Тпгаш имала добивка од 2,2 милиони евра. Раст има и кај приходите, кои лани изнесувале 27,8 милиони евра, а во 2018 година изнесувале 16,4 милиони евра.

    Едно од повисоките места е резервирано за Друштво за промет и услуги СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД од дејноста игри на среќа и обложување. Во 2019 та оваа  фирма прикажала приход во износ од 86 милиони евра, која бележи благ пад во однос на претодната година.

    Добивката била на ниво од 5 милиони евра и бележи мал пад во однос на претходната година.  Просечниот број на вработени изнесувал 916.

    Меѓу првите Топ 10 домашни приватни фирми е Друштво за трговија на мало и големо КАМ – компанија со домашен капитал од дејноста трговија. Вкупниот приход за 2019 на КАМ лани бил 150 милиони евра а добивката изнесувала 4,9 милиони евра.  Просечниот број на вработени во 2019 бил 950 и во однос на претходната година е зголемен за 101 лице.

    Компанијата бележи раст и на приходите. Односно во 2018 година приходите изнесувале 130 милиони евра а добивката изнесувала 3,4 милиони евра.

    Од семеен приватен бизнис – до голема компанија, и друштвото за градежништво и трговија КВАЛИТЕТ-ПРОМ од Куманово со остварена добивка во износ од 4, 5 милиони евра се вбројува меѓу најуспешните. Во 2018 година добивката на оваа компанија била два милиони евра.

    Компанијата се занимава со складирање, трговија и дистрибуција на градежни материјали, производство на електрични кабелски сетови. Лани приходите биле на ниво од 34,3 милиони евра, додека во 2018 година 26,3 милиони евра

    Во текот на минатата година компанијата има 882 вработени, а бројот е намален за 49 во однос на претходната.

    Друштво за градежништво, инженеринг, трговија и услуги НАСТЕЛ домашна компанија од градежниот сектор, минатата година има приход од 14,6 милиони евра и бележи благо зголемување во однос на претходната година.

    Лани добивката на оваа градежна компанија е 4 ,4 милиони евра, и е зголемена во однос на претходната година кога изнесувала 2,9 милиони евра.

    Оваа компанија се вбројува во друштво на домашни приватни фирми кои се водечки според добивките во економската 2019 та. Просечниот број на вработени лани бил 25.

    На оваа листа е компанија и од здравствениот сектор – Приватна здравствена установа-Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје.  Лани оваа приватна здравствена институција остварила приход во износ од 21,6 милиони евра и добивка од 4,1 милиони евра.

    Во 2018 година приходите изнесувале 15,8 милиони евра а добивката 1,5 милиони евра.

    Со приход во износ од  15,5 милиони евра и добивка од 3,7 милиони евра, меѓу најуспешните домашни приватни компании е КРМЗОВ-МР ДООЕЛ Струмица, фирма од градежниот сектор, високоградба, во која лани просечниот број на вработени бил 65.

    Во следното продолжение „Таргет Груп“ ќе ги објави Топ 10 државни фирми – нивните добивки, приход и број на вработени.

    Анализа на податоците: Таргет Груп

    Изработил А.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично