ПОВЕЌЕ

    Алкалоид држи лекции по корпоративно управување

    Време зa читање: 3 минути

    Во скопската населба Автокоманда по се изгледа ќе треба да смислуваат нов слоган за Алкалоид. Покрај здравјето, компанијата промовира уште неколку сегменти кои произлегуваат од нивното успешно раководење со финансиите, нивната грижа за општествено одговорни кампањи и искажувањето на висок степен на емпатија, како и дополнителната вредност од поседувањето нивни хартии од вредност. Алкалоид низ изминатите години докажа дека долгорочните планови акцентирани на развој на нови производи и модерна технологија, инвестирањето во човечки капитал и развој на продажбата на странски пазари е добитна комбинација за успешна корпоративна приказна. Ако на сето тоа се надоврзе и и перцепцијата на инвеститорите за една од најликвидните акции и можностите за развој на индустријата во која што делуваат, може да се каже дека правилно го истрасирале патот кон успехот.

    Од аспект на тоа како финансиски ја реализирале 2020 година, бројките говорат за следното:

    1. Консолидираниот извештај покажува дека Алкалоид во 2020 година остварил пораст на кумулативните приходи за 9,2%, во однос на 2019 година. Пораст е остварен како на домашниот така и на странските пазари со нешто над 9% поединечен пораст.
    2. Од аспект на расходната страна зголемување на трошоците се забележува кај трошоците на продадени производи за 12.1%. Ова ниво е повисоко од растот во продажбите и го прати трендот на зголемено производство. Друга ставка која ги зголемува расходите е вредносното услогласување, при што евидентиран е пораст од 49%, или во апсолутна бројка нешто над 10 милиони ЕУР.
    3. Оперативната добивка во 2020 година изнесува 21,6 милиони ЕУР, што претставува пораст од 12%, во однос на 2019 година.
    4. Битен елемент е намалувањето на долгорочните побарувања за 82%, со што 2020 година по основ на ова конто е заокружена со салдо од 1 милион ЕУР.
    5. Залихите и побарувања бележат мали зголемувања во 2020 година и тоа се надрврзува на зголемените цени на суровини и зголеменото производство.
    6. Паралелно на предходното, пораст е забележан и во позициите каде Алкалоид се јавува како должник. Со други зборови, евидентирано е зголемување на краткорочните обврските кон добавувачите за 8,4% и зголемување на краткорочните обврските по кредити и хартии од вредност за 2,3 милиони ЕУР, во однос на 2019 година. Што се однесува до долгорочните позиции, односно кај долгорочните обврски по кредити и хартии од вредност забележано е повеќе од дуплирање на износот. Ако во 2019 година завршиле со 5 милиони ЕУР, во 2020 податоците покажуваат салдо од 11 милиони ЕУР.
    7. Со остварената добивка од 2020 година се надмина прагот од 100 милиони ЕУР акумулирана добивка. На 31.12.2020 година износот по овој основ изнесува нешто над 106 милиони ЕУР.

    Трендот кој го наметнува Алкалоид во сите области од делувањето дава јасна слика за визијата на компанијата и пред менаџментот се надзира познатата изрека “With great power comes great responsibility” позната како “Peter Parker principle” од познатиот стрип за Спајдермен.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично