ПОВЕЌЕ

    Ако сте инвестирале 1000 долари во биткоин во Март, 2010, колку пари би имале во Април, 2020?

    Време зa читање: 2 минути

    2.5 милијарди! Поточно 2.507.666.666

    Не е спорно дека растот на биткоинот ќе се памети долго време. Веќе 10 години секојдневно се шпекулира за неговиот раст или пад. 

    Вредноста на биткоинот при крајот на 2017 достигна $20.000 американски долари. Само 7 години претходно, сте можеле да го купите за $0.003.

    По самата природа, шпекулирањето значи дека има премногу несигурни фактори за да бидете сигурни во врска со тоа како средството ќе расте во вредност. Алтернативно, една инвестиција, како што е фондот „Вангард индекс“, има децении податоци за перформанси. Секако, индексните фондови варираат во вредност, но во текот на период од 10 години, можно е да се направи измерена проценка на вкупните приноси. Споредете го тоа со шпекулирање во криптовалутата. 

    Веројатно сте слушнале луѓе кои ги фалат акциите на Apple, становите во New York, златото, имотот за изнајмување на Airbnb и сега, криптовалутата. Но, не верувајте секогаш на возбуда. Секако, многу од овие инвестиции биле некогаш одлични, или барем заработиле добро за среќните луѓе кои сакаат многу да се фалат. Но, нема постојани и апсолутно сигурни работи. Претходниот перформанс не е секогаш индикација за иден раст. Осигурајте се дека ги имате во предвид сите фактори кои влијаат врз идните перформанси на инвестицијата

    Чарли Мангер, партнерот на Ворен Бафет, воопшто не е фан на биткоинот. Тој дури и кажува дека тргувањето со биткоин нема морал

    Да бидеме јасни: Никој, па дури и повеќето финансиски советници, не можат да ви кажат со сигурност дали инвестицијата ќе се зголеми или намали во вредност. Ако тврдат поинаку, тргнете по друг пат. 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично