ПОВЕЌЕ

    Акциите на ИТ компаниите ги турнаа индексите кон зелено

    Време зa читање: < 1 минутa

    Њујорк / Лондон – Индексите на Вол Стрит денес пораснаа бидејќи силниот профит на Интел го поттикна растот на акциите на технолошките компании и го неутрализираа разочарувачките резултати на Амазон.

    Индустрискиот индекс Dow Jones 30 се зголеми за 107 поени или 0,4 проценти, S&P 500 за 0,2 %, а технолошкиот NASDAQ 0,3 %, пренесува CNBC.

    Акциите на Интел пораснаа за 7 % бидејќи деловните резултати на компанијата ги надминаа очекувањата.

    Истовремено, акциите на Амазон паднаа за 3%, откако гигантот ги објави слабите резултати во областа на онлајн продажбата.

    Европските индекси, пак, регистрираа различни резултати. Индексот Euro Stoxx 50 падна за 0,11%, лондонскиот FTSE 100 за 0,31%, пренесува Блумберг.

    Од друга страна, германскиот индекс DAX 30 се зголеми за 0,02%, францускиот CAC 40 за 0,41%, а шпанскиот IBEX 35 за 0,14%.

    Во Азија, јапонскиот индекс Nikkei 225 порасна за 0,22%, додека хонгконшкиот Hang Seng 50 падна за 0,49%.

    Извор: Bankar.rs

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично