ПОВЕЌЕ

    Акциите на Apple ближат до рекордни вредности

    Време зa читање: 5 минути

    Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

    Пазарите остануваат силни и отпорни на нарушувањата

    Неделата полна со свежи економски податоци донесе малку повеќе акција на финансиските пазари. Колапсот на First Republic Bank и новите проблеми на американските регионални банки, неизвесноста за зголемување на дозволената граница на јавниот долг во САД и уште едно зголемување на клучните каматни стапки од страна на двете најважни централни банки, се факторите кои доминираа првиот дел од изминатата недела, кога берзите беа претежно обоени во црвено. Потоа, изненадувачки силните податоци од американскиот пазар на труд и добрите квартални резултати од Apple ги охрабрија инвеститорите, кои повторно отидоа на шопинг во текот на викендот. Така, главните берзански индекси продолжуваат тврдоглаво да се задржуваат во тесниот опсег на тргување утврден во последниот период. Иако песимизмот во однос на идното движење на пазарот кај најголемите инвестициски банки донекаде се засилува, јасно е дека пазарот останува силен и засега не покажува поголеми пукнатини кои би создале продажен притисок и поместување на пониски нивоа.

    Берзанските индекси се држат над нивото, особено компаниите со голема пазарна капитализација. Дури 70% од овогодинешниот позитивен принос на американскиот индекс S&P 500 се должи само на 5 акции: Google, Apple, Meta, Microsoft и NVIDIA. Од друга страна, сликата е сосема поинаква за помалите американски компании кои котираат на берза. Ако S&P 500, во кој технолошките гиганти имаат многу голема тежина, од почетокот на годината до вчера поскапе нешто помалку од 8% во долари, Russell 2000 индексот на акционерски компании со мала пазарна капитализација малку изгуби во текот на истиот период. Поради заострената монетарна политика, на помалите компании им е многу потешко да пристапат до средствата неопходни за раст и развој. Од друга страна, големите и етаблирани компании со силен готовински тек се способни да финансираат од сопствени ресурси, што ги става во подобра позиција во вакви услови. Една од нив е Apple, која уште еднаш ги исполни очекувањата на инвеститорите во првиот квартал. Конкретно, процвета продажбата на iPhone-и, а компанијата најави зголемување на дивидендата и дополнителен откуп на сопствените акции. И покрај фактот што вкупните приходи паднаа втор квартал по ред поради падот на продажбата на преносни компјутери и таблети, цената на акцијата на Apple се приближи до рекордните највисоки нивоа од крајот на предминатата година и почетокот на минатата година, по објавувањето на резултатите.

    Се чини дека се ближи крајот на циклусот на затегнување на монетарната политика

    Откако американската централна банка ја подигна основната каматна стапка на ниво меѓу 5% и 5,25% со последното зголемување, се чини дека ова беше последното зголемување за овој циклус во САД. Каматните стапки беа зголемени за 25 базични поени и во Европската централна банка минатата недела, но за разлика од ФЕД, тие многу веројатно ќе ги зголемат каматните стапки на ЕЦБ барем на состанокот во јуни, можеби и во јули. Депозитната каматна стапка во еврозоната сега изнесува 3,25%.

    Рецесијата е поголема закана од инфлацијата

    Интересна беше реакцијата на податоците од американскиот пазар на труд во петокот, кои уште еднаш ги надминаа прогнозите на економистите. И покрај некои знаци на мало заладување на пазарот на труд во последните недели, американската економија додаде 253.000 нови работни места во април, а стапката на невработеност падна на 3,4%. Дури и во еврозоната, невработеноста е благо намалена и според последните податоци, изнесува 6,5%. Највисока е 12,8% во Шпанија, а најниска 2,8% во Германија. Во јануари берзите негативно реагираа на податоците за големиот број новоотворени работни места во САД, но овој пат веста предизвика раст на берзанските индекси. Ова сугерира дека пазарите во моментов повеќе се фокусираат на можни знаци на успорување на економската активност отколку на пазарот на труд и зголемената инфлација. Затоа, инвеститорите моментално гледаат на потенцијалната рецесија како поголема закана од инфлацијата и дополнителното заострување на монетарната политика.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

    ЕЦБ веројатно уште малку ќе ја заостри монетарната политика, додека ФЕД се чини дека го достигна посакуваното ниво, барем привремено. Инфлацијата покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична инфлација. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на раст и покрај турбуленциите. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната политика, но таа останува крајно непредвидлива. Оптимистичкото сценарио за пониски каматни стапки претставува значителен ризик за пазарите. Деловните прогнози за 2023 година остануваат оптимистички, но сценариото за заладување на економскиот раст и со тоа и пад на профитот не се зема предвид при вреднувањето на берзите. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, глобалните акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите, што докажа дека во услови на поголема нестабилност и привремена неизвесност нуди добар одговор на инвестициските можности и дава најдобар резултат. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Американските акции во моментов се безбеден остров во бурното море поради зголемениот удел во технолошки акции и помалиот удел во финансискиот сектор, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Обврзниците ја имаа најлошата година (2022) во последните 50 години. Не веруваме дека тоа може да се повтори во 2023 година. За трпеливите инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции како на берзата, така и на пазарот на обврзници.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично