ПОВЕЌЕ

    Синдикалната кошница во јуни била 34.212 денари, но колку пари требаа пред 10 години?

    Време зa читање: 3 минути

    За да ги задоволи неопходните месечни потреби, едно четиричлено семјство, треба да има најмалку 34.212 денари. Тоа е износот што го пресмета Сојузот на синдикатите за јуни. Во потрошувачкта кошница нема никаков луксуз. Типот на претпоставеното домаќинство за кое се пресметува синдикалната кошница е четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Синдикалната минимална кошница вклучува: исхрана и пијалоци, домување. хигиена, превоз, облека и обувки, култура, одржување и здравје.

    За жал, речиси половина од парите, односно 42,5 проценти, или 14.579 денари, одат на храна и пијалоци. Овој износ, речиси се поклопува со минималната плата која сега изнесува 15.194 денри. Ова значи дека со една минимална плата не може да има нормална прехрана на семејството, затоа што делот за комуналии ќе ги „изеде“ парите што траба да овозможат пристојни оброци.

    Домувањето, кое го сочинуваат две ставки: комуналии и покуќнина, учестувава во јунската синдикалната кошница со 31,57 проценти и изнесува 10.800 денари.

    Одржувањето на хигиена е третата по големина ставка. Хигиената зафаќа 6,95 проценти, односно на неа во јуни оделе 2.378 денари, за да има некое нормално ниво на чистота во семејството.

    „Хигиената има две подгрупи – личната хигиена со седум производи и хигиената на домот, исто со седум производи. Овие ставки се искажани по минимум количини по најниски цени“, пишува во методологијата за пресметката на минималната синдикална кошница.

    За превоз, со вклучени две месечни автобуски карти, и е пресметано дека се потребни 2.508 денари и оваа ставка има учество од 7,33 проценти во неопходните трошоци.

    За облека и обувки, Синдикатот наменил по  2.176 денари, а тие зазеле 6,36 проценти од синдикалната кошница.

    Во пресметката за култура се вклучени трошоците на три производи, и тоа еднаш месечно одење во кино и редовно купување на еден неделен и еден дневен весник. Одржувањето и здравјето вклучува основни трошоци за лекарства, без лекарствата за хроничните болести. За културата и здравјето, според овој синдикален „рецепт“ одат 1.800 денари, што е 5,26 проценти од сите неоппходни трошоци.

    „Не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци“, објаснува ССМ.

    Порталот Пари со помош на минималната синдикална кошница и со статистичките податоци за просечна нето плата, се обиде да открие дали има напредок во животниот стандард.

    Еве што открија податоците…

    Сојузот на синдикати има пресметки за минимална синдикална кошница, по исти параметри, за истри производи како и денес, од декември 2010 година. Тогаш, просечната нето-плата била 20.633 денари, а минималната синдикална кошница била 29.199 денари, што значи дека со една просечна плата се  покривале 70,6 отсто од синдикалната минимална кошница. Бидејќи, се уште нема статистички податоци за просечната нето плата за јуни, ќе ги користиме последните, а кои се однесуваат за мај. Мајската просечна нето плата изнесувала 28.721 денар, а мајската минимална синдикална кошница била 34.156 денари. Ова значи дека сега со една просечна нето плата може да се покријат 84 проценти од минималната кошница, што претставува подобривање во однос на периодот пред 11 години, но сепак, состојбата е се уште загрижувачка, ако се земе предвид дека во семејство каде што еден работи со просечна нето-плата, не може да се задоволат основните егзистенционални потреби.

    Месец и годинаМинимална синдикална кошница (денари)Просечна нето-плата (денари)Покриеност на кошницата со просечната плата
    Мај 202134.15628.72184%
    Мај 202033.31526.39079%
    Мај 201933.08625.27076%
    Мај 201832.68824.50975%
    Мај 201732.44522.88970,5%
    Мај 201632.38222.324 69%
    Мај 201532.565 22.071 68%
    Мај 201432.13421.48367%
    Мај 201332.507 21.288 65%
    Мај 201231.345 20.867 66,5%

    Извор: Сојуз на синдикати и Државен завод за статистика

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично