ПОВЕЌЕ

    Цената на „црното злато“ е на највисоко ниво во последните две години

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата недела пораснаа цените на нафтата на светските берзи, и тоа трет пат по ред и достигнаа ново високо ниво за повеќе од две години, а за тоа трговците треба да се заблагодарат на заздравувањето на најголемите економии во светот, додека побарувачката за нафта ќе продолжува да расте. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 1,1 процент, на 72,69 долари, ново највисоко ниво од мај 2019 година.

    На американскиот пазар, од друга страна, цената на барелот скокна скоро 1,9 проценти, на 60,91 долари, што е највисоко ниво од октомври 2018 година.

    Растот на цените на новите највисоки нивоа во овие две години се должи на податоците што покажуваат дека најголемите економии во светот стабилно закрепнуваат од пандемијата со ковид.

    Ценовната поддршка е дадена и од информациите за повторно отворање на економиите во Европа, благодарение на забрзувањето на процесот на вакцинација против ковид-19.

    Аналитичарите на „Голдман Сакс“ проценуваат дека цената на барелот на лондонскиот пазар ќе достигне 80 долари ова лето, бидејќи забрзувањето на процесот на вакцинација ги стимулира економските активности.

    Минатата недела трговците се фокусираа на проценката на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) дека големите производители ќе мораат да го зголемат производството за да ја задоволат побарувачката, која до крајот на следната година би требала да се врати на ниво како што беше пред почетокот на пандемијата со ковид.

    ОПЕК + мора да ги отвори славините со цел соодветно снабдување на светските пазари на нафта. „Во 2022 година има простор за 24 членки на ОПЕК + (иницијативи), предводени од Саудиска Арабија и Русија, да го зголемат снабдувањето со сурова нафта за 1,4 милиони барели дневно над целното ниво за периодот од јули 2021 година до март 2022 година“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично