Веќе од август на граѓаните се очекува да им пристигнат повисоки сметки за потрошената електрична енергија. Најмногу 5 проценти би изнесувало покачувањето на сметките за струја доколку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги прифати во целост барањата на МЕПОС, МЕМО и електродистрибуција со новите трошоци кои ги испорачале до регулаторот. На 1000 денари тоа би значело покачување за 50 денари.
Инаку, МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија.
Одлуката ќе следи по анализата наредната недела, но конечнато поскапување на струјата ќе се знае по завршување на тендерот во јуни за набавка на струја за регулираниот пазар преку ЕСМ. Минатата година струјата поскапе за 7,4 отсто.
Од Регулаторната комисија сметаат дека С. Македонија има најниска цена на електрична енергија во регионот по Србија и Косово.
„Оваа година ЕСМ преку тој тендер снабдувала 70 проценти од вкупната струја, со што влијае со над 40 проценти во сметките за струја. Останатите 30 процнети ЕВН хоум смее да ги докупи на слободниот пазар. Дополнително поскапување од 1 август е невозможно да се превенира и зависи од договорот меѓу ЕВН хоум и ЕСМ, бидејќи РКЕ не влијае во тој дел“, вели претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски.