Борбата на здравствените работници во земјава за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Covid-19 продолжува со несмален интензитет, поради што Комерцијална банка обезбеди нова поддршка за јавното здравство.
Банката овој пат донираше 30 кислородни протокомери за кислородна поддршка наменети за јавните здравствени установи. Донацијата е во нето вредност од 156.780,00 денари и е предадена на Министерството за здравство.
Со оваа донација Комерцијална банка ја продолжува својата општествено одговорна мисија преку донации за јавното здравство, кое веќе втора година се соочува со најголемата битка за зачувување на здравјето и животот на граѓаните во услови на глобална пандемија. Претходно Банката обезбеди вкупна поддршка за здравствените институции од над 620.000 евра.